ФОТО НА ДЕНОТ: Како Нено им испорача на Италијанците „дабл-дабл“ пица!

На повеќе од интересен начин, Баерн Минхен ја одбележа извонредната синоќешна партија на македонскиот репрезентативц Ненад Димитријевиќ во победата на гостувањето против Виртус Болоња.

Нено реализираше „дабл-дабл“ од 11 поени и 10 асистенции, дополнети и со три скока, издвојувајќи се како најдобар поединец во својот тим.

Па, Баварците на оригинален начин ја одбележаа партијата на Нено претставувајќи го како пица-доставувач, служејќи им го на Италијанците токму нивниот специјалитет, но во „дабл-дабл“ формат…

Се вчитува...