ФОТО НА ДЕНОТ: Капитенот со точакот

Капитенот Столе Стоилов и велосипедот се најдобри другари. Тоа датира од периодот на карантин, кога возењето точак беше единствениот начин за одржување форма. Репрезентативецот можеше да се забележи како вози низ метрополата, а навиката му остана, па и на првиот тренинг дојде во ист стил. Секако здравствените протоколи налагаат ракометарите да дојдат облечени во спортска опрема од дома и да не ги користат соблекувалните во СЦ „Јане Сандански“. Очигледно дека Столе Стоилов веќе си има рутина и тоа не му е проблем…

 

Се вчитува...