ЕКИПА во Приштина,
Роберт Спасовски
Војдан Стојановски вообичаено е лидер на нашиот национален тим, но тој немаше свој ден на денешниот дуел со Косово. Видно исфрустриран по слабото прво полувреме (два поени, 1/9 од поле), Војдан веднаш по завршувањето на втората четвртина ја доби неопходната поддршка од селекторот и соиграчите, предводени од Бојан Трајковски.
Капитенот им возврати на вистински начин, со мирна рака во клучните моменти за печат на големиот триумф.
Македонија покажа дека може да победува и кога најдобриот не е во посакуваниот ритам, што само дава верба за уште подобри резултати во продолжението од овој квалификациски циклус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА