Фото на денот: Кисум во прегратка со навивачите – за титула се работи

Данецот Каспер Кисум последен му се приклучи на тимот на Еурофарм Пелистер, но не му требаше многу време за да увиди колку многу им значи ракометот и успехот на „пелистерци“ на сите битолчани.

Тој експресно се вклопи во тимот, па иако денеска не успеа да се запише меѓу стрелците, даде се од себе секогаш кога ќе се најдеше на теренот. На крајот од мечот, Кисум емотивно се упати кон трибините, за победничка прегратка со десетина навивачи, кои еуфорично ја прославуваа победата над Вардар со која Еурофарм широко си ги отвори вратите кон шампионската титула, прва по пауза од дури 18 години за „пелистерци“.

До крајот на сезонава има само уште две кола, во кои „пелистерци“ важат за големи фаворити, на гостувањето против Охрид и на домашен терен со Тиквеш, средби на кои победи ќе значат крунисување во нов шампион на Македонија.

Се вчитува...