ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Противничките голмани редовно имаат свој ден кога играат против Македонија на овој европски шампионат. Словенецот Базник имаше деби од соништата на големите натпреварувања откако во клучните моменти ги откажа македонските ракометари, а денеска истото беше случај и со Небојша Симиќ.
Голманот на бундеслигашот Мелсунген бранеше брилијантно, во најважните моменти ги откажа нашите интернационалци со бравурозни интервенции, со што беше херој на натпреварот.
И Симиќ, како и претходно Базник, ги добија МВП-признанијата за најдобри поединци на натпреварите со Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА