Неколку илјади фанови се на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ каде што ги бодрат македонските ракометарки на премиерниот меч од ЕП 2022 против Франција.
Меѓу нив и познати ликови, па така на еден дел од трибината заедно се неколку членови на легендарната македонска женска репрезентација. Индира Кастратовиќ во друштво на Тодоровска, Велкова, Платон, Ташчи, Новеска и Чупиќ, гласно навиваат за Македонија, со надеж дека и женскиот национален тим наскоро ќе се врати на оние стари патеки по кои тие своевремено одеа и победуваа силни ривали на големите натпреварувања.
Македонија вечерва го игра својот премиерен меч на ЕП против Франција, додека во второто коло в понеделник за противник ќе ја има селекцијата на Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА