Фото на денот: Луис Дијаз и татко му

Емотивно беше денеска во репрезентативната база на колумбиската репрезентација, каде Луис Дијаз се сретна со својот татко Мануел, за првпат откако тој беше киднапиран.

Фотографиите најдобро говорат за емоциите од средбата на големата фудбалска ѕвезда со неговиот татко, кој не можеше да ги сокрие солзите.

Фудбалерот на Ливерпул сакаше веднаш да се врати во татковината, но му беше објаснето дека и самиот би можел да се најде во опасност, па остана на „островот“ исчекувајќи добра вест од Колумбија. Таа на крајот пристигна во четвртокот, неколку часа пред мечот на Ливерпул со Тулуз на кој Дијаз беше стартер.

Се вчитува...