Фото на денот: Македонија е пак на Европско првенство

Поразот од Словенија на гостински терен во Марибор од 27-18 се покажа апсолутно незначаен, бидејќи Македонија стигна до посакуваниот исход во овие квалификации, па како една од најдобрите четири третопласирани селекции освои билет за ЕП 2026.

Нашите ракометарки се соочија со проблеми во текот на овој квалификациски циклус, имаше и повлекување на дел од најискусните ракометарки, но крајната цел е исполнета – „црвено-жолтите“ третпат по ред ќе бидат дел од континенталниот собир во женскиот ракомет.

За таму, ќе треба многу да се работи за да се покажеме во далеку подобро од она во овие квалификации. Но, денеска, денот е за уживање, затоа што Македонија пак е на Европско првенство.

Се вчитува...