ФОТО НА ДЕНОТ: Македонскиот тандем за голови….

Елиф Елмас и Езгијан Алиоски и дефинитивно се најдобрите поединци од македонската репрезентација на двата пријателски натпревари против Словенија и против Казахстан пред настапот на ЕВРО 2020.

На првиот дуел против Словенците, Алиоски извонредно асистираше за мајсторскиот волеј-удар на Елмас, а на денешниот дуел со Казахстанците, Елмас низ феноменална соло-акција изнуди пенал кој успешно го реализираше Алиоски.

Посебно приказна, пак, се феноменалните индивидуални атракции кои и двајцата ги сервираа за присутните навивачи на „Тодор Проески“.

 

 

Се вчитува...