ФОТО НА ДЕНОТ: Македонските спортисти по Сена продефилираа во „градот на светлината“!

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сена, како предводници на македонската делегација која брои шест спортисти на денешното свечено отворање на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Покрај атлетичарот Ивановски и таеквондистката Релјиќ, Македонија на овие ОИ ќе ја претставуваат и борачот Владимир Егоров, пливачот Никола Ѓуретановиќ, џудистот Еди Шерифовски и стрелачката Анастасија Мојсовка.

Се вчитува...