Фото на денот: Македонско славје за европско финале среде Норвешка

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат да испишуваат историја, па во втората сезона во која овој тим е дел од европските натпреварувања „сино-белите“ од Автокоманда стигнаа до првото европско финале, обезбедувајќи учество во финалето од ЕХФ Европскиот куп во кое ќе се сретнат со грчки АЕК.

Најлесно беше да се предадат по слабиот старт и оние „минус пет“ по само неколку минути игра вечерва во Норвешка, но „пулените“ на Лазаров по којзнае којпат покажаа карактер и квалитет, не се предадоа до самиот крај, беа смирени кога беше најважно и продолжија по јасно зацртаниот пат – базирани на домашни македонски ракометари да продолжуваат да прават успеси и во европски рамки.

По крајот на мечот, големиот успех беше овековечен со оваа фотографија – македонско славје за европско финале среде Норвешка, апсолутно заслужено за сите во клубот предводени од првиот човек Живко Мукаетов, кој отпатува заедно со тимот за Норвешка и им даде поддршка на ракометарите во овој историски резултат за РК Алкалоид, но и за македонскиот ракомет.

Се вчитува...