Навивачите на МЗТ Скопје, популарните „Фемили Аеродром“ го искористија денешниот дуел со Пелистер за да ја одбележат годишнината од трагичната смрт на младиот Марко Божиновски, кој пред точно една година трагично почина.
Божиновски, кој беше ракометар на Бутел и кадетски репрезентативец на Македонија, воедно важеше и за огромен навивач на МЗТ Скопје, па аеродромци на денешното финале истакнаа и транспарент во негова чест.
„Една година непребол и тага. Марче живее вечно“, гласеше пораката од „Фемили Аеродром“ за прерано згаснатиот живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

