МЗТ Скопје уште еднаш покажа зошто е клуб број 1 во македонската кошарка, без премногу мака стигнувајќи до четвртиот куп-трофеј во серија, овојпат на жешкиот терен во Куманово на кој аеродромци за едно полувреме ја оладија публиката и си го трасираа патот до победат.
Во купот секогаш се случуваат изненадувања, но МЗТ ниту годинава не дозволи такво нешто. Напротив, плус 31 во четвртфиналето со Работнички, па „само“ плус 18 во полуфиналето против Кожув и преубедливи „плус 26“ во вечерашното финале со Куманово, најдобра демонстрација на моќта на сино-белите кои со 14 пехари се најтрофејни во ова натпреварување во историјата на македонската кошарка.
Кумановци заслужуваат само честиски за атмосферата и трите преполни сали кога играме домаќинот во изминатите 72 часа. Поддршката од трибините беше мотив плус за сите во домашниот табор, но противникот вечерва беше поквалитетен, па избраниците на Докузовски мораа да се задоволат само со второто место.
Зад неприкосновниот МЗТ Скопје Аеродром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

