Фото на денот: Нено и Шортс еден крај друг, Естонија има од што да се плаши

Нено Димитријевиќ постигна 43 поени на последниот квалификациски меч на македонската репрезентација, на гостувањето во Литванија, а Супер-Нено за февруарскиот прозорец крај себе ќе го има и Ти-Џеј Шортс, извонредниот плејмејкер кој блеска во дресот на Париз и е еден од најдобрите кошаркари во Евролигата оваа сезона.

Македонија ќе има навистина пеколен бековски тандем за претстојните пресметки со Естонија и со Полска, а противниците имаат од што да стравуваат пред пресметките со нашиот национален тим.

Димитријевиќ и Шортс досега имаат одиграно еден пријателски меч за Македонија, во Белград против селекцијата на Полска, но овие дуели се нешто сосема поинакво, влогот е билет за Евробаскет 2025 и нема сомнеж дека двајцата ќе дадат се од себе за да ја вратат Македонија во европската кошаркарска елита.

Се вчитува...