ФОТО НА ДЕНОТ: Новите бисери на македонскиот спорт

Македонските млади ракометари до 20 години се новите македонски херои кои прикажаа извонредна игра, но и голема борбеност и пожртвуваност на Европското првенство кое изминатиот прериод се одржа во Словенија.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ на шампионатот во поранешната југословенска држава забележаа четири победи, две ремиња и само еден пораз со што го завршија настапот на деветтата позиција пред селекции како Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Полска, Словенија…

Тоа што ги негува македонските бисери е заедништвото па квалитетот уште полесно се одразува, а и ни дава и надеж за уште подобри денови на македонскиот ракомет.

Се вчитува...