ФОТО НА ДЕНОТ: Охриѓани во еуфорија – Ова е најголема победа во историјата на клубот!

Охриѓани, сосема очекувано, во еуфорија по елиминацијата на Вардар во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Охрид по изведувањето на пеналите изненадувачки го елиминираше лидерот во Првата лига, откако во регуларниот дел гостите со голот на Давид Матески во последната минута успеаја да дојдат до 1-1.

А, во „пенал-рулетот“ херој беше голманот на Охрид, Дамјан Серафимов кој одбрани два пенали на фудбалерите на Вардар.

„Ова е најголема победа во историјата на клубот“ – порачаа охриѓани по дуелот со Вардар во Скопје.

Се вчитува...