ФОТО НА ДЕНОТ: Октомвриски скок за трасирање на патот кон првото место во Лигата на нации

Македонските репрезентативци продолжуваат со подготовките за третиот натпревар од Лигата на нациите кој во сабота од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“ не очекува против Лихтенштајн.

Сите во репрезентативниот табор се свесни дека овие два натпревари во октомври ќе бидат клучните околу првото место во групата кое ќе не однесе во плеј-оф завршницата за пласман на ЕП. Октомвриски резултатски скок против Лихтенштајн и против Ерменија на 16. октомври во Ереван ни е потребен за веќе и дефинитивно помирно пред последните два меча во ноември да го очекуваме крајот на групната фаза од Лигата на нации…

 

Се вчитува...