Фото на денот: Последниот „танц“ на „лавовското срце“ во репрезентацијата – Филип Миркуловски

Филип Миркуловски долги години го оставаше срцето на терен за Македонија, пред извесно време реши дасе повлече од националниот тим, но кога доби повик од Кире Лазаров да се врати и да помогне, популарниот „Жути“ без размислување прифати пак да заигра, но и да стане член на стручниот штаб на новиот селектор.

Денеска зад неговото име останаа запишани два гола од исто толку обиди, но значењето на Миркуловски за оваа репрезентација секогаш било далеку поголемо од она што стои во градата за постигнати погодоци. Борбеноста, карактерот, победничкиот дух, добрината да се биде тука за сите репрезентативни колеги, тоа е она што секогаш го красеше Миркуловски и што ќе треба да се надополни по повлекувањето на големиот борец.

А соиграчите знаат да го ценат сето она што „жути“ го има направено за македонската репрезентација, па Миркуловски заврши во нивните раце, фрлајќи го во воздух во знак на благодарност за помошта и пред самиот крај на кариерата, да биде тука кога е најважно за националниот тим.

Се вчитува...