Позитивна е атмоферата во нашиот кошаркарски национален тим на стартот од новиот квалификациски циклус. Селекторот Јорданчо Давитков очигледно има „мисија“ да го обедини сето она што вреди во македонската кошарка во моментов, па како дел од тоа „обединување“ пред вечерашниот тренинг бевме сведоци и на поздрав меѓу екс-капитенот Перо Антиќ и претседателот на МКФ, Петар Наумоски.
„Војната“ што двајцата ја водат во последните две години е добро позната, па без разлика дали ова беше само за „сликање“ или не, во секој случај претставува чекор напред за мир во националниот тим и остварување на она што е заедничка желба на сите (меѓу нив и на Наумоски и на Антиќ) – пласман на Македонија во главните квалификации за СП 2019.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА