Кире Лазаров денешниот дуел со Чиле го преседе на клупата за резерви, сосема очекувано со оглед на одлуката на селекторот овој двомеч со јужноамериканската селекција да го искористи за да им даде минутажа на помладите ракометари.
Сепак, присуството на капитенот е драгоцено и кога тој воопшто не влегува на терен, Лазаров им подели драгоцени совети на помладите, кои дефинитивно ќе им бидат од корист за адаптација во репрезентацијата и за уште подобри настапи во иднина во националниот тим.
„Бомбардерот“ во неколку наврати во изминатите месеци повторуваше дека е подготвен да игра за Македонија се додека е неопходна неговата помош, тој беше меѓу најзаслужните за стартните две победи над Финска и Швајцарија со кои широко беше отворена вратата за пласман на ЕП 2022.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

