ФОТО НА ДЕНОТ: Работнички и Сити Парк Бојс заедно и кога е најтешко

Работнички се мачи со огромни финансиски проблеми, но кошаркарите на овој тим на чело со тренерот Самарџиев тоа го искористија само како мотив плус, за со одлично издание да слават над вицешампионот Пелистер со убедливи 82-70.

Поддршка од трибините кошаркарите на Работнички добија и од верната навивачка група „Сити Парк Бојс“ кои во овој момент не ги оставаат сами своите пулени и покрај големите проблеми во клубот.

Работнички се наоѓаат во голема финансиска криза, за што со свое соопштение изминатата недела излегоа и кошаркарите на клубот од „Градски парк“.

 

Се вчитува...