ФОТО НА ДЕНОТ: Раул и солза пушти – од срам….!

Раул Гонзалес во својата тренерска кариера во Македонија, како тренер на Вардар и селектор на националниот тим, забележа бројни големи победи, но денешниот пораз во Кожани дефинитивно му е еден од најтешките што ги има претрпено во тренерската кариера. И затоа, на самиот крај од мечот Раул пушти и солза, по големиот неуспех и разочарувањето на оваа средба.

Ракометарите одиграа очајно и сигурно се најодговорни за неуспехот, со својата ноншалантност и недоволно залагање на теренот, но и самиот Гонзалес немаше одговор за играта на противникот. Кога Грците влегоа во серија во клучните моменти немаше тајмаут, ниту пак вистински одговор во одбраната. Зоната 6-0 ни делуваше трагикомично, во првото полувреме спасуваше Митревски со одбранети зицери, но кога и голманот затаи тогаш веќе ни немаше спас.

Рака на срце, немаше ни премногу адути на клупата, но за тоа самиот си е виновен со изборот на играчи кои ги повикува „по навика“, затворајќи го списокот иако се наближува неминовната смена на генерации.

„Ел команданте“ ја има улогата на национален херој во Македонија, со право по историскиот успех со Вардар, но кога станува збор за репрезентацијата тука дефинитивно ќе треба многу посериозно да се фати за работа. Бидејќи за помалку од три месеци следи настап на СП, со многу посериозни ривали од Турција и од Грција.

 

Се вчитува...