Сами Кедира е во карантин и мораше сам да си прави друштво за 32. роденден. На сликовит начин објасни како всушност го прослави родениот ден. Фудбалерот на Јувентус дел од денот мина во дресот на „старата дама“, го одработи тренингот во самоизолација, а потоа се посвети и на организација на роденденот. Се потруди со неколку свеќички да создаде роденденска атмосфера, а потоа си замисли како ја носи тортата, замислува желба и ја дува свеќата.
Замисли и како масата виртуелно е исполнета со уште неколку гости, отсликани преку неговиот лик во различни ситуации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА