Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во живо го следеше вечерашниот дуел од плејофот меѓу Пролет и Металург на кој домашните ракометари приредија изненадување земајќи го скалпот на поранешниот првак.
Лазаров имаше можност да види на дело неколку ракометари кои се наоѓаат на неговиот список и кои од утре ќе се стават на располагање на ракометната легенда пред селекторското деби на големиот ас.
Лазаров утре на пладне ќе ја одржи првата прозивка како селектор на македонскиот национален тим, со што ќе биде означен стартот на подготовките за двомечот со светскиот првак Данска, во квалификациите за ЕП 2022.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА