Фото на денот: Селфи за историја – новите млади ракометни херои

Младите ракометари на Е. Пелистер испишаа историја, во првото учество на новоформираната младинска Лига на Шампионите обезбедувајќи учество на фајналфор турнирот што ќе се одржи во Келн.

Патот не беше лесен, најпрвин беше декласиран Киелце, а потоа по голема борба среде Букурешт беше земен и скалпот на Динамо, јасен доказ за извонредното достигнување на битолските „зелено-бели“ во романската престолнина.

Македонија денеска доби нови млади ракометни херои, кои следниот месец против гиганти како Барселона, Веспрем и дански ГОГ ќе се обидат да испишат нови страници во историјата и само уште еднаш да потврдат зошто ракометот е спорт број 1 во нашата држава.

Се вчитува...