Серхио Рико пред повеќе од еден месец имаше страшна повреда на главата по пад од коњ, при што голманот на ПСЖ се наоѓаше и во сериозна животна опасност.
Лекарите во клиниката во Севилја се изборија за неговиот живот, па денеска бевме сведоци на најубавата можна фотографија, како Рико во придружба на својата сопруга ја напушта болницата и заминува на домашно лекување.
Веднаш стигнаа бројни пораки со охрабрување до Шпанецот за што поскоро враќање на терените, а се јави и Килијан Мбапе, кој ја дели соблекувалната со Рико во ПСЖ.
„Слика на денот… Нема да видите нешто подобро од ова…. Пресреќен сум што те гледам ваков, брате“, напиша Мбапе на фотографијата од Рико и сопругата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

