Еурофарм Пелистер во голем стил ја прослави шампионската титула. Битолчани приредија вистинско шоу во салата „Боро Чурлевски“ па со триумф над Тиквеш ја одбележаа шампионската круна.
Прославата почна со поздрав на генерацијата предводена од Пепи Манасков што пред 18 години последна донесе титула во Битола.
На крај, пред преполната сала во Битола, шампионскиот пехар во рацете на „зелените“ кои заслужено сезонава се најдобри во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА