ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски, Игор Паневски
Ракометарите на Вардар беа дел од денешното загревање за Ф4 турнирот, во зоната околу салата „Ланксес арена“ во Келн. „Црвено-црните“ како дел од „протоколот“ фрлија по една топка кон многубројните фанови, од кои најголем дел се навивачи на Веспрем, а потоа на инсистирање на капитенот Стоилов следеше и „селфи“, со бројните навивачи во позадина.
„Сите сте за Вардар само не признавате“, се пошегуваа дел од навивачите на „црвено-црните“ кои се најдоа како дел од овој спектакл, иако малубројни, но сепак многу гласни кога нивните миленици се појавија на бината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА