Златан Ибрахимовиќ очигледно ужива на одморот во Шведска. Додека неговите соиграчи од Милан, главно се во изолација во своите домови во Италија, Ибрахимовиќ трпеливо во Шведска си очекува да продолжи Серија А. И, покрај задолжителните тренинзи кои ги реализира со Хамерби, има време и за нови „трофеи“.
Па, денеска на својот Инстаграм профил се пофали со добар риболов – и еден добар трофеј.
„Каков ден…“ – порача Ибракадабра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА