Лео Меси и Аргентина ја преживеаја трилер-завршницата со Холандија, во која „гаучосите“ дури по подобро изведување на пенали го обезбедија пласманот во полуфиналето.
Со тоа, продолжува и сонот на Меси со освојување на светска круна да се збогува од репрезентативниот дрес, како врв на блескавата кариера.
Токму затоа, Лео неслучајно беше меѓу првите што се најдоа во прегратка со голманот Емилијано Мартинез, голманот кој блесна во пенал-рулетот и овозможи мундијалскиот сон на Меси да продолжи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА