Веќе подолго време за убавите лични моменти, македонските репрезентативци или членови на стручен штаб добиваат специјални честитки за време на репрезентативните собири.
Така беше и денеска на првиот тренинг од октомврискиот собир. Стефан Спировски вчера „стапна на лудиот камен“ стапувајќи во брак со својата долгогодишна љубов Тамара… Па, за тоа секако доби ‘специјални’ честитки од соиграчите на тренингот.
Слични честитки добија и Аријан Адеми за неговото враќање во репрезентацијата по две години пауза, како и помошникот на Ангеловски, Милан Илиевски кој викендов доби принова во семејството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА