Фото на денот: Столе и пехарите, мерак што трае…

Сценариото во СЕХА останува исто, фајналфор, финале… и на крај пехарот во рацете на Стојанче Стоилов.

Низ годините Стоилов крена бројни трофеи, најзначаен дефинитивно оној од ЛШ во Келн, но македонскиот пивот дефинитивно ги заслужува сите успеси, не само со ракометните квалитети, туку и темпераментот што го правеше лидер на тимот и кога минутажата не му беше преголема.

А Столе со насмевката на оваа фотографија јасно покажува – меракот е ист како и првиот пат.

Се вчитува...