ФОТО НА ДЕНОТ: Татко ова е за тебе – сега, доста е!

Хабиб Нурмагомедов на доминантен начин славеше против Американецот Џастин Гатје одбранувајќи ја УФЦ-титулата во лесна категорија.

По борбата, Хабиб облеан во солзи објави дека ова е негова последна борба во кариерата затоа што повеќе не може да продолжи да биде во октагонот а без поддршката на неговиот татко Абдулманап Нурмагомедов кој почина оваа година. Веднаш на социјалните мрежи се појави и фото-монтажа од Хабиб и неговиот татко која го симболизира неговото повлекување од борбите… Иако, фановите на Нурмагомедов, сепак, очекуваат по преспиената ноќ да ја повлече својата одлука и уште да го гледаат во октагонот.

 

Се вчитува...