Фото на денот: Тони Симиќ, горд татко

Македонија убедливо загуби, но како утеха останува одличното издание на младиот Теодор Симиќ, кој на 17-годишна возраст стигна до 18 поени против селекцијата на Шпанија.

Младиот центар на Барселона беспрекорно погодуваше од далечина, како што тоа своевремено го правеше и неговиот татко низ играчката кариера.

Тони Симиќ е тренер на Работнички и селектор на младинската репрезентација, но вечерва во улога на гледач уживаше во беспрекорното издание на својот син, кој покажа дека е еден од бисерите врз кого ќе се темели играта на Македонија во иднина.

Се вчитува...