ФОТО НА ДЕНОТ: Веруваме во Пикси – Дали сте ги виделе овие луѓе по натпреварот!?

Српските навивачи преполни со оптимизам го очекуваа дуелот со Камерун, каде се надеваа дека нивните миленици ќе ги израдуваат со прва мундијалска победа.

Тоа не се случи, а за болката да биде поголема, Србија ја имаше победата во раце, но „орлите“ на Драган Стојковиќ – Пикси прокоцкаа предност од 3-1 во второто полувреме, на крајот стигнувајќи само до бод.

Во Пикси ние веруваме“, гласеше транспарентот на овие навивачи пред мечот во Доха.

Само што, селекторските одлуки на српскиот кормилар беа клучни за фијското во финишот, бидејќи по повлекувањето на одличниот Павловиќ Србија прими два брзи гола, а во моментите кога можеше да се брка победа, Пикси реши да го повлече од игра и Сергеј Милинковиќ – Савиќ, најдобриот фудбалер на оваа репрезентација.

Се вчитува...