ФОТО НА ДЕНОТ: За Македонија со срце!

Македонската репрезентација се соочува со сериозни проблеми пред последните два натпревари од Лигата на нациите, против Грузија (23. септември) во Тбилиси и против Бугарија (26. септември) во Скопје.

Милевски за септемврискиот собир ќе нема дури осум фудбалери кои беа во комбинација за мартовски натпревари со Италија и Португалија во баражот за СП 2022. Поради повреди, во однос на дуелите со Италија и со Португалија, сега ќе ги нема Стефан Ристовски, Тихомир Костадинов, Дарко Чурлинов, Валон Етеми и Ердон Даци, а ќе недостасуваат и Бобан Николов, Кире Ристевски и Давид Бабунски кои недомна пронајдоа нови клупски средини или се уште се без клуб.

И на сето тоа, неизвесно е дали Аријан Адеми, поради болки во грбот, ќе може да одговори на повикот барем за еден натпревар од престојните два.

Но, оние кои остануваат да ги бранат националните бои, од прв до последен, најавуваат максимална битка за одржување на квалитетот кој Македонија го демонстрира во Европа последнава година. И целта за борба до крај за првото место во групата – секако останува!

Се вчитува...