Резултатите красат, резултатите гнасат. Веројатно така може да се опише желбата на македонскиот фудбалски вљубеник во моментов да ги следи соодветните репрезентативни настапи.
За младате денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ имаше желба и повеќе од што овозможуваше единствената трибина да се следат хероите, додека на „Телеком арената“ во моментов, на пет минути пред почетокот на пријателскиот натпревар меѓу сениорските репрезентации на Македонија и на Белорусија, публика за „плачење“. Единствено во употреба е пуштена Јужната трибина, поради реконструкцијата на делот од Северната, а таму едвај можеби 500 гледачи…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА