ФОТО НА ГОДИНАТА: Олимпиското сребро на градите на Македонецот Дејан Георгиевски

Ова е фотографијата што уште долги години ќе биде синоним за македонски спортски успех – мина дури 21 година по првиот олимиски медал по осамостојувањето на Македонија, за денеска да се израдуваме на вториот, и тоа сребрен на ОИ во Токио.

Дејан Георгиевски е најзаслужниот што денеска сите се чувствуваме горди Македонци, со изданијата во јапонската метропола нашиот таеквондист ги стопли срцата на целата нација, носејќи радост и спортска гордост што долго ја немавме почувствувано.

Успехот на Георгиевски нека е мотив за сите останати, само со напорна работа да се напредува во кариерата, а врвот на формата да биде беспрекорно темпиран за тогаш кога е најважно.

Што се однесува до Дејан, тој и на 22 години е национален херој, а пред себе има уште доволно време, во иднина да го нападне и олимпиското злато. Со она што го покажа денеска во Токио, јасно е дека тоа не е невозможна мисија.

Се вчитува...