Нема интерес за последниот домашен натпревар на Шкендија во групната фаза во Лигата на Конференции против Слован Братислава. На Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје вечерва има едвај 1000 гледачи на трибините.
Така македонскиот најголем стадион изгледа празен, иако станува збор за европски натпревар, против првакот на Словачка, кој лани играше и во групната фаза во Лигата на шампионите.
Има околу 150 навивачи дојдени од Словачка да го бодрат Слован, а исто толку има и симпатизери на Шкендија кои се сместени на источната трибина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

