ФОТО: Навивачите на Милан подготвуваат „пекол“ за „предавникот“ Донарума

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума на 7. ноември со својот тим гостува на „Сан Сиро“ кај екипата на Милан. Тоа ќе биде враќање на чуварот на мрежата на стадионот на кој настапуваше долго време, пред да одлучи да се приклучи на францускиот клуб.

Многумина сметаат дека Донарума во Милано ќе го чека „пекол“ од страна на навивачите на „росонерите“ кои и натаму не му простија за „предавството“ кое го направи, преминувајќи од Милан во ПСЖ. И се чини дека тие сомнежи се потврдени.

Вчера фановите на Милан „Курва Суд“ објави фотографија на Инстаграм која покажува многу кутии кои пристигнале ос пошта, а во насловот јасно ставија до знаење за кого се наменети.

„Донарума, доби пошта“, пишува во објавата.

Не е познато што се наоѓа во кутиите кои се подготвуваат за голманот. Некои од нив сметаат дека тоа се лажни пари кои ќе му бидат фрлени на голманот за време на натпреварот.

Донарума потекнува од Милан, меѓутоа се реши да не го продолжи договорот и да отиде во ПСЖ во 2021 година.

Се вчитува...