ФОТО: Одржана комеморација на Лечиќ: Последно збогум за легендата на македонската кошарка

Денеска во Скопје во организација на кошаркарската федерација на Македонија, се одржа комеморација на легендарниот кошаркарски тренер Лазар Лечиќ.
На настанот присуствуваа многу негови пријатели, љубители на кошарката, поранешни кошаркари…
На комеморацијата посветена на великанот на македонската кошарка, со потсетување за неговото дело, преку „фотографска лента“, раскажување, евоцирање на спомени со него од страна на неговите пријатели и соработници, последен поздрав му оддадоа неговото семејство, но и сите оние кои беа околу него во неговиот работен и животен век.
На денешната комеморација беше донесена одлука за именување на наградата најдобар тренер на годината во „Лазар Лечиќ“.

Се вчитува...