Екипата на Охрид со 29-25 го победи првакот Еурофарм Пелистер во натпревар од ракометната Супер-лига, и му нанесе сериозен удар на шампионот во битката за одбрана на тронот.
Охриѓани одиграа борбен и одличен натпревар, на крајот славеа триумф, а го прославија во соблекувалната.
„Ова е Охрид“, гласеше пораката на ракометарите на Охрид после големата победа.

Од друга страна, пак, Е. Пелистер тешко го поднесе поразот од Охрид, па по завршување на мечот имаше огромно разочарување меѓу битолските ракометари.
Срцепарателно: Шампионот тешко го поднесе поразот во Охрид (ВИДЕО)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

