Откако ги реши сите проблеми и несогласувања со Манчестер Јунајтед, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо се фокусираше и на други работи надвор од фудбалот, како што се избор на вила.
Договорот со Манчестер му завршува на лето идната година, а сигурно е дека нема да го продолжи истиоти и дека немоновна е разделбата. Ако се верува на шпанските медиуми, тогаш Португалецот се враќа во својата родна земја, и тоа во тимот каде ја почна сениорската кариера – во Спортинг.
Португалската легенда наводно ја купил најскапата вила во Лисабон, вредна 20 милиони евра, која се протега на дури 2729 метри квадратни. Има три спрата, градини, базен, теретана, и гаража која собира 20 автомобили. Се наоѓа на 40 минути од Лисабон, и така враќањето во Спортинг е се поизвесно.
Роналдо се обезбеди после кариерата и си зема вила за да може да живее. И покрај тоа што се споменува враќање во Италија, сепак, се поизвесно е дека ќе го гледаме во зелено-белиот дрес идната сезона, и ќе си седи во скапата вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА