ФОТО: Ова е собата во која почина Марадона

Смртта на Диего Армандо Марадона останува главна тема на фудбалската јавност, а аргентинските медиуми продолжуваат со објавување на детали околу последните денови од животот на легендарниот фудбалер.

Аргентинскиот портал „Todo Noticias” денеска објави 12 фотографии од куќата во која Марадона ги мина последните денови од животот. На една од нив се гледа собата, во која според пријатели на семејството Диего Армандо починал.

На прв поглед станува збор за сосема скромна соба, прескромна за реномето на легендарниот фудбалер, со уште повеќе добиваат на тежина обвинувањата од семејството дека Диего не ја добивал неопходната нега во последните денови од неговиот живот.

Се вчитува...