ФОТО: Ова е тимот кој летово може да се состави за 0 евра

Летниот преоден рок почнува на почетокот на идниот месец, а еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот веќе се случи. Килијан Мбапе е нов фудбалер на Реал Мадрид, кој без отштета замина на „Сантијаго Бернабе“, откако му истече договорот со ПСЖ.

Меѓутоа на пазарот постојат фудбалери кои може да си заминат без отштета летово, а имињата се познати и звучни.

Постојат ѕвезди како Де Геа, Депај, Хумелс, Матип… секако може да се склопи една добра екипа која може да се бори за висок пласман во било кое првенство.

На голот е Де Геа, а во одбраната би се нашле Матип, Хумелс, Варан. Средниот ред е сочинет од Рабио, Пепе, Тиаго Алкантара, Андре Гомез и Беренгуер, додека во нападот покрај Депај ќе биде Марсијал.

Се вчитува...