Капитени. Легенди. Наследство. Со оваа порака Фудбалската федерација на Македонија објави фотографија на поранешните капитени на македонската репрезентација Гоце Седлоски и Горан Пандев, со сегашниот Енис Барди.
Барди ќе треба да ја предводи оваа генерација кон уште еден бараж, додека поранешните капитени сега имаат нови функции. Горан Пандев сега е директор на националните селекции, а од неодамна Гоце Седлоски е селектор на А репрезентацијата на Македонија.
Пандев е рекордер по бројот на настапи за Македонија со 122 натпревари, после него следува Седлоски со 100, додека Енис Барди во моментов има 80 настапи за националниот тим.
Сите тројца сега во заедничка мисија – за настап на Македонија на Мундијалот 2026 година низ баражот во март против Данска, а потоа и против победникот од мечот Чешка – Р.Ирска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

