ЕКИПА во Хаифа, Израел
Владимир Булатовиќ
Интересна, досега не забележана ситуација барем кога се елитните репрезентативните натпревари под капата на ФИФА и УЕФА, си имаше на тренингот на македонската репрезентација на „Сами Офер“ стадионот во Хаифа пред утрешниот дуел со Израелците.
Горан Пандев и македонските репрезентативци си тренираа заедно и со судиската четворка од Русија која утре ќе ја дели правдата на мечот со Израел предводена од Алексеј Ешков… Можност и за некој момент ‘разговор’ и размена на мислење пред утрешниот дуел… Колку ќе има влијание заедничката дружба, околу делењето на утрешната правда, не знаеме… Сигурно тешко!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА