ФОТО: Пандев со посебна честитка до Елмас за титулата

„Секоја чест бато, нека се множат“, стоеше во честитката од Горан Пандев до неговиот некогашен соиграч во репрезентацијата Елиф Елмас за освоената титула во Серија „А“ по синоќешното реми против Удинезе.

Токму Пандев и Елмас се единствените Македонци кои освоиле титула во Италија. На Пандев тоа му успеа со Интер, на Елмас со Наполи, иако и Пандев настапуваше во Наполи, тим со кој го освои Купот на Италија.

Вчера Наполи со бодот против Удинезе ја освои титулата, прва после 30 години и ерата на Диего Марадона. Токму од тука синоќа се славеше до доцна во ноќта во Неапол, а според извештаите едно лице го загуби животот, и над 200 се повредени.

Се вчитува...