Денеска во претпладневните часови во Битола наврна голема количина на снег кој создаваше проблеми на граѓаните. Меѓутоа не и на фудбалерите на битолски Пелистер, кои го одржаа тренингот пред утрешното вечно дерби во Купот. Во Битола гостува тимот на Вардар.
Меѓутоа ако снегот ако продолжи да паѓа, и да не биде исчистен од „Тумбе Кафе“, голема е веројатноста дури и дуелот да биде одложен и презакажан за некој друг термин.
Фотографијата покажува во какви услови тренираа денеска пелистерци, односно се навикнуваа на условите кои ги очекува утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА