ФОТО: Подарок за Дарко Велковски за влез во македонскиот „клуб 50“

Еден од најстандарните македонски репрезентативци, дефанзивецот Дарко Велковски дојде до бројката од 50 официјални настапи во дресот на македонската селекција.

Велковски денеска на „Рујевица“ во Ријека ќе го одигра 50-от натпревар за Македонија поради што и пред пријателскиот дуел со Хрватска кој стартува од 19 часот доби подарок од националниот тим кој му го врачи директорот на репрезентацијата, Дени Масев.

Се вчитува...